Се зголемуваат пензиите, економијата расте

Среќна вест за пензионерите – Се зголемуваат пензиите, економијата расте

Во наредниот период пензионерите може да очекуваат зголемување на пензиите. Имено, кога економијата расте над четири отсто и го достигнува потенцијалот тогаш и пензиите растат.

Бројките покажуваат дека БДП во првиот квартал од оваа година беше 4,1 отсто, ова според власта значи дека пензионерите ќе добијат зголемување на пензиите. Покрај редовното усогласување со трошоците на живот, предвидено е и димензионирано сериозно растење на пензиите. Неодамна дури премиерот Заев, соопшти дека Фондот за пензиско во приходите расте со 8 отсто, а тоа значи и покачување на пензите.

Пензионерите за оваа влада се најзаслужни граѓани бидејќи активно учествувале во изградбата на државата.

„Растот на пензиите сега е поставен на реални основи и се врзува на економскиот раст“, истакна неодамна премиерот Заев.

- Реклама -