Се зезаат со Мурињо во Србија: А зошто ФК Осогово би го менувало тренерот?

„Се зезаат на сметка на Мурињо, го викаат да работи во Македонија“, пишува српскиот B92 за твитот на ФК Осогово во кој кочанскиот третолигаш го покани доскорешниот тренер на Манчестер Јунајтед да им биде тренер.

„Мурињо, дојди кај нас! Немаш што да загубиш, секако сме шампиони, барем ќе го научиш македонскиот јазик!“, му порачаа од ФК Осогово на Мурињо.

Клубот Осогово есенската полусезона во Третата лига Исток ја заврши на прво место, потсетува порталот. Имајќи ја таквата информација во предвид, некој духовит читател прашува:

„Зошто Осогово би го менувало тренерот со кој ја освоило есенската титула?“

 

 

 

 

Прочитајте и:  Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
- Реклама -