Ѓорѓе Балашевиќ, еден од најголемите композитори во регионот, напиша и сними песна која ја посветил на Кемал Монтено, пријател и колега кој неодамна почина.
„Понекогаш недостигаат зборови, а кога ти недостигаат зборови можеш да замислиш колку ти недостига тој некој“, вели Балашевиќ, додавајќи дека не изгубил пријател туку шанса да отпее дует со Монтено.
Кажал и анегдота кога некои „мангупи“ му украле јакна на Монтено. Се потсетил дека тој не се нервирал, а „мангупите“ ја вратиле јакната и се извиниле.
Збогум легендо: Почина музичарот Кемал Монтено
Балашевиќ со песната оддава почит на својот пријател. Тој рекол дека му е жал што со членовите на своето семејство не присуствувал на погребот, а ова е еден начин да изрази сочувство.