Се затвора македонскиот конзулат во Барселона

Министерството за надворешни работи предложи, а Владата ќе дискутира дали ќе биде затворен македонскиот конзулат во Барселона.

Овој предлог доаѓа во време на политичка криза во Шпанија, но многу е поверојатно дека причина е инцидентот од април годинава, кога почесниот конзул на Македонија во Шпанија, Марио Деус, беше обвинет дека ги убил своите деца.

Сепак, уште не се знае дали причината за ваквиот предлог е обвинувањето против конзулот или незаземање страна во спорот што го имаат Каталонија со централната власт на Шпанија.

- Реклама -