Се за Џастин Бибер – Тинејџерки во Црна Гора се сечеле

Во знак на протесет за апсењето на џастин Бибер, две тинејџерки од Црна Гора се сместени во Клиничкиот Центар со рани и исекотини на рацете, кои самите си ги нанеле.

Медиумите пренесуваат дека двете девојки биле примени пред неколку дена, веднаш по веста и акцијата во која фановите на ѕвездата се самоповредуваат.

Нивната состојба во моментов е добра, а по лекувањето биле пуштени на домашна нега.

Да потсетиме, Џастин Бибер беше уапсен за поседување на дрога и брзо возење.

- Реклама -