Се сеќавате на All Saints?
Познатиот британски женски бенд се враќа на сцената и оди на турнеја.
Групата пред деценија и пол претставуваше „алтернативен контрапункт“ на женкиот бенд Spice Girls, а можеби е најпрепознатлив по песните ‘Never Ever’ и ‘Pure Shores’, и двете од саунтракот на филмот „Плажа“.
Сега, после 12 години по нивниот распад, All Saints најавуваат враќање на музичката сцена. Девојките на почеток на пролетта 2014 година ќе ја започнат новата турнеја како предгрупа на Backstreet Boys.