Леброн Џејмс стана најмладиот играч во историјата на НБА стигнувајќи до цифрата од 20.000 поени! Асот на Мајами во синоќешната победа над Голден Стејт имаше ефект од 25 поени, десет асистенции и седум скока, па покрај гореспомнатиот рекорд стигна и до 5.000 асистенции во кариерата.
„Јас сум комплетен играч. Доминирам во сите аспекти на играта. Од се по малку. Не сум еднодимензионално момче. Ова е само потврда дека израснав во кошаркар на каков многу луѓе ме подучуваа. Само се обидувам да играм на вистинскиот начин, и ништо повеќе“ – изјави Леброн Џејмс по средбата со Голден Стејт.
Претходниот рекорд го држеше Коби Брајант кој до 20.000 поени стигна на 29 години и 122 дена. На Леброн Џејмс тоа му успеа со 28 години и 17 дена.
Резултати: Торонто – Чикаго 105-107 (пр.), Орландо – Индијана 97-86, Атланта – Бруклин 109-95, Далас – Хјустон 105-100, Оклахома – Денвер 117-97, Бостон – Њу Орлеанс 78-90, Сан Антонио – Мемфис 103-82, Сакраменто – Вашингтон 95-94, Протланд – Кливленд 88-93, Голден Стејт – Мајами 75-92.
[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=Qz9B7yhw0Z0[/youtube]