Една моја пријателка која што веќе четири години е на брод, во разговор на Скајп пред некој ден ме праша: „ Трае ли уште малечката невеста“?
– Да, баш пред некој ден начекав на реклами, и реков.
– Уште ли е мала?
– Не знам, би требало.
– Добро е, значи не сум пропуштила ништо таму, на шега ми одговори таа.
Богами ако „Малечката невеста“ стане репер за време можеме слободно да кажеме дека годините не минуваат и конечно човештвото го пронајде лекот за вечната младост. Ја гледате секој ден како се врти по реклами ( или со далечинско), и тука е да не потсети дека времето е релативно, а животот непроменлив.
Без сезони, без чекање, секој ден нова епизода, секој ден нова сцена во која што никој не зборува, сите стојат во круг и се гледаат, крупни кадри, драматична музика и по некоја шлаканица со закаснета реакција.
Оваа Боливудска, веројатно нискобуџетна хит серија во Индија се прикажува шест години, но за прв пат била во криза поради паѓање на рејтингот.
Сепак, не сум била во право во разговорот погоре на скајп. Во серијата се смениле досега дури три „малечки“ невести. Ок, но тоа ништо не менува, бидејќи малечката колку и да старее, за нас времето застанува и „тапкаме во место“, прифаќајќи медиумски да ни се сервира сешто.
Да ги погледнеме 🙂
Авика Гор
Пратиша Банерџи
Торал Распутра
Останува да видиме дали тоа што конечно паднал рејтингот во Индија, најпосле ќе го означи крајот на оваа серија што наводно променила многу ставови во индиската традиција, но нам тука баш и тоа не ни значи многу. Освен дека трае вечно 🙂