Се урива ресторанот Кале

Уривањето на ресторанот „Кале“ на почетокот наидуваше на недоразбирања со сопствениците, но сега целата постапка е завршена. За три месеци се очекува ова локација да биде подготвена за археолошки истражувања.

kale

Фирмата која што е задолжена за уривањето веќе работи на случајот. Скопското Кале е споменик на културата од прва категорија во согласност со законските прописи за заштита на културното наследство.

Музеј на праисторијата и музеј на отоманскиот период од живеењето на скопската тврдина Кале, наскоро се очекува да бидат отворени со постојана поставка. Во нив е предвидено да бидат изложени сите најзначајни предмети што беа пронајдени со интензивните археолошки истражувања што започнаа во 2007 година

- Реклама -