Се тестира 6Г-технологијата – вкаква брзина би можела да има во иднина


5Г-технологијата е составен дел од нашите животи веќе некое време. Брзината на 5Г-технологијата е доволно добра за огромното мнозинство од населението, но научниците веќе ги тестираат брзините на 6Г. Тим научници од Лондон веќе има некои бројки.

Истражувачите пренесувале податоци безжично со 938 гигабити во секунда (Gbps), што ја надминува просечната брзина на тековните 5Г-телефонски врски за повеќе од 9.000 пати. Оваа брзина овозможува преземање над 20 филмови со просечна должина, секоја секунда. Поставува нов стандард за мултиплексирани податоци, кои комбинираат два или повеќе сигнали.

За да ги зголеми брзините на пренос, Жиксин Лиу и неговиот тим од Универзитетот во Лондон, користеле поширок спектар на фреквенции од кога било досега. Тие работеле во опсег од 5 гигахерци до 150 гигахерци, користејќи и радиобранови и светлина.

Експериментот бил спроведен за да се процени брзината што 6Г може да ја постигне во иднина.

Радиската пристапна мрежа од следната генерација (РАН) бара безжичен пренос со голема брзина помеѓу базните станици што надминува 100 гигабити во секунда, за поврзување на пристапните точки и хабовите. Ова ги мотивирало истражувачите кои ја анализираат целосната употреба на безжичниот спектар од под 6 гигахерци до милиметарскиот (мм) брановиден опсег (на пример Д-појас до 170 гигахерци), за пренос на податоци, користејќи целосно електронски или оптоелектронски пристапи.

Сепак, целосно електронските и оптоелектронските методи се користени одделно, поради предизвикот за генерирање на широкопојасни сигнали со синхронизирани фреквенции. Истражувачите демонстрирале безжичен пренос на сигнал за ортогонално мултиплексирање на фреквенции (ОФДМ), со ултраширок опсег од 145 гигахерци преку воздухот, покривајќи го опсегот на фреквенции од 5-150 гигахерци.

Користејќи го форматот ОФДМ и вчитувањето на битови, истражувачите постигнале брзина на податоци од 938 гигабити во секунда, со помалку од 300 мегахерци јаз помеѓу различните опсези на РФ и мм-бранови.

Тимот на Лиу моментално е во преговори со производителите на паметни телефони и давателите на мрежни услуги. Тој е оптимист дека нивната работа ќе ја формира основата за идната 6G технологија, иако се развиваат други конкурентни пристапи.

- Реклама -