Џејмс Паркер, новиот дечко на познатата убавица Миранда Кер, жестоко се степал со својот најдобар пријател Давид Гингел, бидејќи му замерил што поради супермоделот ги напуштил жената и децата.
Случајните минувачи во Сиднеј биле сведоци на тој несекојдневен настан. Паркер се степал со пријателот сред улица бидејќи загубил нерви кога пријателот му префрлил дека за Миранда ја оставил Ерика.
Давид бил кум на нивната венчавка.
Новиот дечко на Миранда се одидел да го гриза својот пријател, но тоа не му успеало, бидејќи ги раздвоил телохранителот додека се валкале по улицата.
Двајцата платиле казна од 500 долари за прекршување на јавниот ред и мир.