Се става во функција болницата „8 Септември“

Шест нови пациенти заболени со коронавирус се дијагностицирани до 16 часот и со ова бројот на заболени се зголеми на 48. Бројот на заболени се зголемува и се прави план, да се стави во функција градската болница “8 Септември“ за пациенти кои се сомнителни или заболени со коронавирус

Во Штип за првапат во земјава е откриен коронавирус на 4 годишно девојче кое одело во градинка во Англија, се вратиле на 14 март и било на домашна изолација. Лекарска помош побарале вчера, кога се јавиле на преглед. Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи, кои се тестирани во рамките на скринингот, во Скопје е регистриран еден случај, тој контактирал со претходно дијагностицираните заболени.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„ Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.Тоа е сместено со мајката во болница, се проширува епидемиолошката анкета со кого се контактирале“, изјави Филипче

Тој рече дека во моментов се тестираат нови 35 лица, кога ќе бидат готови резултатите ќе биде известена јавноста. Потенцира дека сите се стабилни и пациентите на Клиниката за инфективни билести и тие во Дебар, како и пациентката која е на респираторна машина.

Филипче објасни дека на Инфективна клиника има 110 кревети, а исполнета е само 25 проценти. Вирусот ќе се шири и затоа се прави план, да се стави во функција градската болница “8 Септември“ за пациенти кои се сомнителни или заболени со коронавирус.

„Направивме план за ставање во функција на болницата „ 8 Септември“, на сомнителни или потврдени случаи на коронавирус. Направивме посета со посебна комисија и Комисијата за заразни болести, се утврди патот на пациентие, тријажите, посебна операциона сала, посебен ангиограф, ЕХО и целосно посебен оддел со 22 кревети и респираторни машини. Со ова ги обезбедуваме сите пациенти кои имаат вирус, а имаат потреба и од хируршка интервенција. Медицинскиот кадар помина кратка едукација на Инфективна клиника, како да постапуваат, како да земаат брисеви и како да интервенираат “, изјави Филипче.

Во Клинички центар „Мајка Тереза“ се работи на инфраструктурата и пристапот до Инфективна клиника , како и до Ургентен центар, за да се олесни движењето и патот на болните.

Тој рече дека се работи и на посебни пунктови во рамки на Здравен дом кој ќе старува во почеток на следната недела за опфаќање на поголем број на население заради локалната трансмисија.

„Исклучително е важно дополнителното тестирање кое ќе се прошири на асимптоматичните луѓе кои се најризични, тие што биле во контакт со заболени, што доаѓаат од ризичните региони и тоа е исклучително важно во борбата со коронавирсот.“, рече министерот.

Во Дебар најави дека од утре се праќа уште еден пулмолог и еден педијатар бидејќи таму има заболени здравстени работници и треба помош.

Филипче рече дека бројот на пациентите со коронавирус е во пораст, здравениот систем засега е добро менаџиран, заразените се откриваат во рана фаза, и тоа е добро бидејќи искуството од други земји покажува дека во доцна фаза доаѓа до колабирање на здравстениот систем.

Тој најави дека и приватни фирми се побудиле за да изработуваат маски, а за медицинска опрема односно скафандери рече дека не се потребни за целиот медицински персонал, туку за тие што имаат директен контакт и ги лекуваат заболените. Уште еднаш потенцира дека исклучителное важна улогата на граѓаните за сите да придонесат оваа криза да се надмине.

- Реклама -