Се собрале кинески ученици и фатиле да цртаат со креда

Illusdreamer е група од неколку ученици од Сенегалското средно училиште во Хонгконг. Групава претекува од талент, а го излеваат на школски табли, со креда.

Почнале во 2016-та, и оттогаш константно ги изненадуваат луѓето низ школските ходници. Обично цртаат карактери од нивните омилени цртани или филмови, меѓу кои и анимираните на Hayao Miyazaki (чичето зад Spirited Away, за тие што не знаат), Alice in Wonderland или Minions.

Кој да знае дека цртежите знаат да бидат посебно убави кога се нацртани со креда? Има само една маана во уметноста на Illusdreamer – кратко трае. Којзнае колку е тешко ти да си дежурниот што треба да помине со сунѓер преку едно вакво дело.

Од друга страна, тоа што се краткотрајни ѝм дава уште повеќе шарм на сликите. А и Illusdreamer очигледно уживаат во тоа што го прават, и се чини немаат намера да престанат. Нека тераат, а мајата нека ги фати и нашиве ученици.

- Реклама -