Фактот дека немаат натпревари помеѓу овие два викенда, им овозможува фудбалерите на Барселона малку повеќе слободно време од вообичаеното, па некои од нив одлучија да го искориста- позирајќи.
Бразилецот Нејмар објавил на својот Инстаграм профил неколку интересни фотографии, онакви во кои позираат со Даниел Алвес (лево) и Адријан (десно) после работна посета на теретана.
Но, покажувањето на непокриените делови од телото не е се на што Нејмар работи овие денови. Доста често време поминува во играње на карти со пријателите, но наскоро ќе мора да оди на терен (недела, 21 часот, против Арменија), а можеби и на суд, бидејќи во фокус е шпанскиот судски процес кој треба да утрвди за тоа дали навистина Барселона ја измамила тамошната и светската јавност дека на Нејмар има платено двојно повеќе од она што го објави во јавноста и дека повеќе пари добил таткото на Нејмар- отколку што своевемено ја чинело Барса за доведување на Роналдињо.