Од Кан во Битола ќе допатува филм за медицински сестри што живеат во Мумбај, кои на еден или друг начин, не можат да бидат со партнерите, одлучуваат да го напуштат бучниот град и отпатуваат во приморско место, каде времето тече успорено и соништата се остваруваат.
,,Сe што замислуваме како светлина”, дел од главната селекција на Фестивалот Манаки, се закити со големата фестивалска награда во Кан, а Кани Кусрути, уникатната ѕвезда која го предводи филмот, со 20-годишна кариера зад неа, на пат е да биде индиската Мерил Стрип.
Надежта последна умира, штом љубовта знае за кого срцето бие забрзано.