Се што не сте знаеле за Јелена Ристиќ

Како неизоставен дел од успехот на тенисерот Новак Ѓоковиќ, неговата свршеница Јелена Ристиќ има стекнато голема популарност, иако за неа, во суштина, малку се знае.

– Не чуствував потреба да „искочам“ од рамките на мојата улога, а тоа е да сум девојка на Новак. Ни сега не чуствувам затоа што навистина уживам во животот и немам потреба да го нагласувам тоа, иако сум пресреќна. Ја користам можноста да им помогнам на другите- изјави Јелена, која е директорка на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.

Јелена истакна дека нејзиното семејство ѝ даде големи можности, како и поддршка и „крилја да полета високо“, заради што им е неизмерно благодарна. Кога била мала од Дедо Мраз сакала само едно нешто:

– Петки. Бев голема бубалица. Од рана возраст ние во семејството зборувавме дека ќе студираме во странство. А тоа значеше дека мораме да бидеме најдобри во школо и да придонесе за стипендија, затоа што родителите самите не би биле во можност да ни го овозможат- искрено вели Јелена која се потсетува и на деведесетитте години кога во Белград на улица ѝ ги украле патиките:

– Боса се вратив дома. Мојата тогашна симпатија на грб ме носеше, за да не се извалкам- се потсетила Јелена.

 

Не дозволи џет-сетот да ја „скрши“, и затоа е една од омилените на строгата уредница на американскиот „Вог“, Ана Винтур.

Заедно со нејзиниот академски успех, Новак Ѓоковиќ редеше успеси на тенискот терен.

– Со Новак направив рамнотежа во врската. Тој од недела во недела напредуваше во својата кариера, додека студирањето се одложи- има еден испит, па втор, никогаш не завршуваат. Заради тоа, ние од секој испитен рок правевме „Гренд слем“. Секогаш сме се почитувале еден со друг и не си ги загрозувавме амбициите- надополнина Јелена за неговите успеси.

Во почетокот, за нив двајца, проблемот на раздвоеност бил речиси несовладлив.

– За да се видиме, тоа беше научна фантастика. Јас бев студентка која финансиски едвај заминав во странство, а тој беше тенисер кој исто така немаше пари да финансира скап пат. Авионите за нас беа вселенко летало, не бевме во можност да го достигнеме. Тој тогаш, се разбира, не беше сеуште познат. Секогаш ми даваше поддршка, како и јас нему на турнирите.

По студирањето, Јелена се вработила, па почнале да живеат заедно.

– По три години врска, дојдовме до пресвртна точка и одлушивме да почнеме да живееме заедно. Меѓутоа, во Монако е многу тешко да се најде работа. Јас, случајно, се вработив во нафтена компанија. Работев таму година дена и тоа беше „невозможна мисија“ за нашата врска. Во еден момент Новак ми кажа: „Мила моја, не може вака“. Затоа баравме друго решение- рече Јелена и додаде дека животот покрај еден толку успешен и познат спортист, како што е Новак бара и многу жртви.

- Реклама -