Ако сте растеле во СФРЈ тој е еден од вашите најголеми херои кои сте ги гледале на телевизиските екрани.
Овој мелем и буквар за деца бил сниман од 1974. до 1993. година.
Со Бранислав Бранко Миличециќ, познат како Бранко коцкица во главната улога пораснаа многу генерации. Тој освен што беше најдобриот пријател на децата ги учеше и на нивните добри навики, опкружување и забавување.
Од оваа едукативна програма се снимени повеќе од 250 епизоди. Емисијата е карактеристична по својот жаргон во речениците. На пример, Миличевиќ на децата им се обраќа со „другари“, а колективниот поздрав им е „тата-та-тира“. Песната од најавната шпица „ Во светот постои едно царство“ е многу позната дури и кај денешните генерации.
Aко ве интересира како изгледа денес Бранко , тој е од левата страна на сликата.
И за крај уште нешто што ќе ви ги освежи сеќавањата 🙂