Новороденче тешко 3 килограми и 670 грама, долго 51 сантиметар стана првото бебе родено со смрзната јајце – клетка во земјава.
Приватната општа болница Ре-медика ги посвети последните три години на имплементирање на постапката за смрзнување и чување на јајце-клетки за ин витро фертилизација.
Имено, смрзнатата јајце клетка била чувана во софистицирана лабораторија, прва сертифицирана и акредитирана од ИВФ на Балканот, во специјални контејнери на температура од -196 степени целзиусови постигната со течен азот.
Тимот на Ре-медика го одбележа овој настан, частејќи мекици.