Жената која е дел од сексуалните фантазии на сите мажи повторно ќе биде слободна.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Моника Белучи и Винсент Касел ќе стават крај на 14-годишниот брак.
„Vanity Fair“ пишува дека 48-годишната Моника Белучи се разведува од францускиот актер. Белучи и две години помладиот Касел се венчаа во 1999 година, а имаат две ќерки. Се запознале во 1996 година , а оттогаш имаат снимено 9 заеднички филмови.
Инаку Белучи моментно е во Србија каде што снима филм во режија на Емир Кустурица.