Се разведе Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила Путин соопштија дека се разведуваат, пренесуваат руските медиуми.

На неколку недели пред 30 годишнината од бракот, рускиот претседател и сопругата соопштија дека нивниот брак е завршен.

„Тоа е наша заедничка одлука“, рекол Путин, а тоа го потврдила и Људмила во изјава за рускиот канал „Росија 24“ што ја дале откако заедно заминувале од балетот „Есмералда“ во Дворецот Кремљ.

Lyudmila-putin_2451795b

На прашањето на новинарот дали тоа значи развод, Људмила одговорила: „Да, може да се каже, тоа е цивилизиран развод“.

„Нашиот брак е готов поради фактот дека воопшто не се гледаме“, додала таа.

Владимир Путин го објаснил разводот со тоа дека не се сите спремни да живеат јавен живот каков што подразбира улогата на сопруга на политичар од негов ранг.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

„Сите мои активности, целата моја работа е поврзана со јавната сфера, со јавниот живот. Некому тоа му се допаѓа, некому не“, рекол Путин.

Мистериозен брак

98010688__286390c

Путин е познат по тоа што речиси никогаш до сега не давал изјави за неговиот приватен живот. Људмила Путин ретко се појавуваше во јавност, а последните неколку години нејзиното отсуство предизвика многу, никогаш потврдени, гласини дека таа е затворена во манастир.

putins-daughters

Владимир и Људмила се венчаа во 1983 година и имаат две ќерки за кои, исто така, малку се знае.

- Реклама -