Се распадна уште еден холивудски брак: Се разведе 83-годишната филмска легенда

Холивудската легенда Клинт Иствуд се разведе од неговата втора сопруга, Дина по 17 години поминати во брак.

Веста ја потврди 48-годишната поранешна телевизиска презентерка за Us Weekly. Дина открила дека таа и 83-годишниот Иствуд живеат одвоено веќе неколку време.

Анонимен извор за магазинот открил дека Иствуд и Дина, кои ја имаат 16-годишната ќерка Морган, не живеат заедно од 2012 година.

article-2406060-1B86564C000005DC-333_634x857

Двојката има проблеми веќе подолго време, а заедно во јавност не е видена од ноември 2011 година. Претходно годинава TMZ објави дека Дина се пријавила на рехабилитација поради депресија.

Минатата година Дина, нејзината ќерка Морган и ќерката на Иствуд од неговата врска со актерката Францес Фишер, Франческа Фишер Иствуд почнаа реално шоу „Mrs. Eastwood & Company“.

article-2406060-1B865624000005DC-639_634x548

Неделава крај на браковите ставија уште две славни двојки – Моника Белучи и Винсент Касел и Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс.

- Реклама -