Се распадна руски сателит за набљудување на Земјата – американските астронаути се засолниле во МВС

Рускиот сателит RESURS-P1 се распадна на повеќе од 100 парчиња отпад во орбитата, принудувајќи ги астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) да бараат засолниште, објавија денеска американските вселенски агенции.

Британските медиуми наведуваат дека засега нема детали што го предизвикало распаѓањето на рускиот сателит за набљудување на Земјата.

Канцеларијата на вселенската станица на НАСА соопшти дека инцидентот се случил во орбитата во близина на Меѓународната вселенска станица, поради што американските астронаути се засолниле во своето вселенско летало околу еден час.

Компанијата за вселенско следење „LeoLabs“ наведе дека „американските радари во текот на  изминатата ноќ и рано утринава откриле дека сателитот испушта облак од отпад во ниската орбита“.

Прочитајте и:  Полска ја најави првата мисија на Меѓународната вселенска станица
- Реклама -