Ги шокира и фановите и музичката продуценска индустрија кога Бијонсе го објави својот нов, петти по ред студиски албум минатата недела.
Но, изгледа дека ризичниот потег на музичката дива се исплатеше, па во четвртокот во аркадата во Њујорк прекрасната Бијонсе го прослави огромниот досегашен успех на албумот со частење торти направена од неа.
Гостите имаа можност да играат аркадни игри, уживајќи во пијалоците од чашите на Бијонсе и домашно направените колачи. На забавата присусвуваа голем број музички ѕвезди, а повеќе можете да видите како изгледаше тоа во прикажаната галерија.
До сега албумот се има прдадено во над 617,000 копии (само во САД). Пејачката направи екслузивен договор со iTunes за првата недела од продажбата, кој се покажа екстремно продуктивен. Албумот е симнуван од интернет над 828,773 пати за само три дена.
Личниот рекорд на Бијонсе за број на копии продадени во првата недела е скршен, по 2006-та година кога Бијонсе продаде 541,000 копии за седум дена.