Во една од најпознатите песни, Џенис Џоплин „молеше“ за Мерцедес, но сепак во приватниот живот си пичеше Порше.
Моделот 356SC 1600 Кабрио од 1965 кој и припаѓал на легендарната, прерано почината рок пејачка ќе биде понудено на една аукција во Њу Јорк.
Џенис го купува Поршето во 1968 година и веднаш го ангажира нејзиниот пријател Дејв Ричардс да го нацрта со психоделични мотиви. Муралот кој ја отсликува личноста на Џоплин, но и уметничкиот и музичкиот период во кој таа живеела и создавала, Ричардс го нарекува „The History of the Universe“.
Автомобилот кон крајот на 60-тите чинел 3 500 долари, што денес би одговарало на сумата 24 000. Овој автомобил бил во сопственост на пејачката само две години, имајќи предвид дека умира во 1970 година.
Сега се проценува дека може да достигне цена и до половина милион долари (дваесетина пати повеќе од тогаш).