Сé повеќе жени плаќаат за машки проститутки

Најчеста клиентела, кога се во прашање машките ескорт придружници, се вработените жени помеѓу 30 и 40 година. Освен што плаќаат за страстни игри и задоволства, плаќаат и за обично дружење.

Истражувањата покажуваат дека бројот на машките проститутки (жиголо) се зголемил за 3 пати во последните 5 години.

Во студијата спроведена од академиците на универзитетите Ланкастер и Манчестер Метрополитен, биле анализирани огласите за придружба, објавени од двата пола. Резултатите велат дека бројот на мажите во оваа професија пораснал од 5.246 во 2010-тата на 15.732 (3 пати), како и бројот на жените кој пораснал од 11.056 во истата  година на 28.614 денес (околу 2.5 пати).

Red-Light-District-men-windows-Amsterdam-e1401876089935[1]

Ескорт момците велат дека главната причина што нивните клиентки ги бараат ваквите услуги е што се премногу зафатени за да бидат во „нормална“ љубовна врска. Од друга страна, постојат и такви кои се во врска, а сепак изнајмуваат мажи за сексуални услуги.

Од инсајдерските информации, јасно е дека со текот на времето жените стануваат сé поспецифични во своите барања. Често тоа значи дека многу повеќе плаќаат за дружење и одење на вечери, отколку за секс. Во превод, модерната жена е сé позафатена, и поосамена.

- Реклама -