Сè повеќе гласини за Audi RS6 Allroad

Audi ќе се впушти во потрага по сосема нови клиенти со соема нов модел кој ќе го видиме наесен на следната година. Станува збор за интересна комбинација од спортскиот RS6 Avant и A6 Allroad со офроуд амбиции.

По првичните информации, главно Германците со оваа изведба ќе имаат за цел да ја освојат пред се Кина, но моделот ќе се продава и во Европа. Тој ќе се базира на испробана техника – V8 мотор со две турбини и quattro 4х4 систем, познати од RS6. Една од најважните модификации секако ќе биде зголемената суспензија, како и декоративните заштитни панели во надворешноста.

Се очекува цената да биде повисока во однос на двата модели, од кои потекнува идејата за миксот.

Автоплус

- Реклама -