Се повеќе фалсификати на класичните автомобили?!

Цените на ретките класични возила на аукции се зголемиле над седум пати во изминатите 10 години. Поради ова е се поголем број на фалсификати на ова поле, па за таа цел се преземаат одредени санкции.

Во 30-тите години на минатиот век британскиот производител на спортски автомобили MG произвел точно 33 парчиња од моделот K3. Ако сакате да купите еден од нив денес, можете да изберете помеѓу над 100 примероци, пишува Bloomberg. Не, веќе непостоечката компанија не е го рестартираше производството. Тројно зголемениот број K3 на пазарот е дел од една незаконска трговија со лажни стари автомобили, како одговор на зголемувањето нивните цени, тврди Бернард Калуз, потпретседател на меѓународниот клуб за класични автомобили FIVA.

-Во 90-те години пронаоѓав по еден лажен автомобил на секои пет години, објаснува Норберт Шредер, кој ги проверува класични автомобили во TUV Rheinland во Германија. -Сега наоѓам до пет фалсификати годишно.

Класичните автомобили стануваат се побарани. Нивните цени на аукциите се зголемиле над седум пати во изминатите 10 години, покажуваат податоците на Historica Selecta. Британската аукциска куќа Bonhams, тврди дека глобалната продажба е над една милијарда долари годишно, а продадениот Mercedes-Benz од 1954 година, кој учествувал во Formula 1, продаден за 19,6 милиони фунти во јули, постави светски рекорд по вредност за класичен автомобил продаден на аукција. Според експертите најсофистицираните фалсификатори откупуваат стари навртки и подлошки, ги остават фалсификуваните елементи на надворешни услови, за да постигнат ефект на старите автомобили. Дури има случај во кој фалсификаторите купиле старо кино во Франција, за да ја земат истрошенатаа стара кожа од седиштата и ја вметнат во фалшираните класици.

-Луѓето кои фалсификуваат автомобили, не се поединаци, вели Шредер од TUV. -Тоа е организиран криминал, бидејќи конструирањето на слични автомобили е скапо, и за да го прави човек е потребна добра инфраструктура.

Во исто време докажување на автентичноста на автомобилите не е лесна работа. Симон Кидстен кој е консултант за класични автомобили во Женева, добил понуда да купи тркачки Alfa Romeo Giulia TZ од 1960 од познат продавач, кој тврдел дека го открил автомобилот на отпад во Италија. Откако се консултирал со повеќе извори, Кидстен на крајот открил слика на автомобил со истиот број на шасијата, кој претрпел тешка несреќа во автмобилска трка во 1964 година. – Беше очигледно дека од оригиналниот автомобил не може да е останато ништо, се сеќава Кидстен кој ја одбил понудата.

Има и други измами, како на пример случајот во кој автентично старо Porsche 911 е претворен во спортска верзија, што би можело да ја зголеми четирикратно неговата цена. Други пак земат оригинални делови и градат од нив автомобили, што ја прват границата меѓу оригиналот и фалсификуваните модели многу мала. Постојат меѓутоа и легитимни копии на класичните автомобили, со кои не се обидуваат да ги измамат купувачите.

-Играта со репликата не е валкана, тврди Мартин Емисјен, адвокат од Goodman Derrick LLP во Лондон. – Таа им обезбедува на луѓето како мене, кои не можат да си дозволат да возат вистински C-Type, шанса да поседуваат машина која е речиси како оригиналната .

За да спречат лошите последици за целиот пазар, од FIVA создале пасош за класичните автомобили, за да се подобри транспарентноста и да можат купувачите да не биде измамени.

- Реклама -