Се породи Хурем: Му Благодарам на Бог што ми прати здраво дете

Популарната актерка од серијата „ Сулејман Величествениот“, Мерием Узерли се породи во понеделникот и на свет донесе девојче, Лара.Популарната актерка, позната како Хурем (незаменливата) на својот ФБ фан клуб објави порака, како и прва фотографија од својата ќерка.

– Добредојде на овој свет, мора најдрага Лара Узерли ( 10.02.2014). Му Благодарам на Бог што ми те прати и што пристигна здрава. Му благодарам што имав сила да те чувам од првиот момент: Жива си – тоа е најголем дар. И се заблагодарувам на мојата блиска другарка Ана која беше покрај мене во текот на породувањето и на целата фамилија и пријатлиет кои споделија позитивни мисли и љубов. Многу сум благодарна, напиша Мерием.

- Реклама -