Е-маил допишувањето меѓу Рудин и Еми Паскал започнал оваа година, голем дел од тоа се однесува и на навредување на Анџелина Џоли.
Анџелина е една од жртвите на хакерскиот напад. Имено, во напад на компанијата „Сони“ во јавноста излегоа бројни информации меѓу кои и пораки на продуцентот Скот Рудин и претставничката на Сони, Еми Паскал, во кои Рудин изнесе остро мислење на Џоли.
„ Мораш да ја замолчиш Енџи, пред Дејвид да ја отежне целата работа со Џобс“, напишал Рудин, а се однесува на фактот дека на Анџелина не и се допаднала идејата Финчер да го режира биографскиот филм за Стив Џобс, наместо римејк на филмот „Клеопатра“, во кој таа ќе ја толкува главната улога.
„ Филмот за Клеопатра нема да се снима, што е лоша вест за егото на оваа жена, трошоците за филмот се надвор од мојата контрола. А ти внимавај како ми се обраќаш“, напишал Рудин, на што Паскал остро му вратила да не се заканува.
„ Таа е неталентирано и разгалено дете. Мисли дека е нешто посебно, а всушност е сосема обична. Не треба да правиме од мува, слон“, заклучил Рудин.