Деновиве на интернет се појави нов вирус кој директно го напаѓа срцето на секој компјутер, неговата CMOS батерија. Корисниците кои биле инфицирани со овој вирус приметиле дека видеата на овој сајт се прикажувале наопаку, пред батеријата да ја изгуби својата јачина во целост и да го згасне компјутерот.

Имено вирусот се шири преку видео спотот на Бритни Спирс – Токсик, кој се уште е хит и едно од најгледаните видеа на YouTube.
За да проверите дали и вашиот компјутер е инфициран, кликнете на овој линк. Доколку ги имате симптомите, ВЕДНАШ ИСКЛУЧЕТЕ ГО КОМПЈУТЕРОТ ОД ИНТЕРНЕТ и преземете ги најновите вирусни дефиниции.
Засега, се уште не е познато како овој малициозен вирус навлегува во компјутерите. Најголемите 4 антивирусни компании Norton, Kaspersky, ESET и AVG изјавија дека работат на креирање на закрпа која ќе им овозможи на корисниците да ги зачуваат своите податоци и воедно CMOS батеријата.
Априлилили? Токму така 🙂