За малата верзија на големиот S4 почна да се шпекулира од пред извесно време, а веќе на интернет се појавија слики од смартфонот Samsung Galaxy S4 Mini.
Според изворот Galaxy S4 Mini има 4.3 инчен qHD Super AMOLED екран со густина на пиксел од 256ppi. Исто така, уредот најверојатно ќе има 4-јадрен процесор со брзина од 1.6 GHz заедно со 1 GB RAM меморија, 8 мегапикселна задна камера и Android 4.2.2 Jelly Bean.
Малата варијанта на смартфонот од четвртата генерација на серијата Galaxy S треба да се појави на пазарот до крајот на мај. Многу наскоро очекуваме повеќе информации од корејската компанија за овој најнов модел.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk