Властите од Кипар алармираат дека се зголемува бројот на мигранти кои пристигнуваат на нивна територија.
Како што соопштиле оттаму, досега даден е хуманитарен статус на околу 7.500 лица, статус на политички бегалци добиле околу 1.065 лица, а на над 6.500 им е дадена дополнителна заштита.
Речиси сите мигранти потекнуваат од Сирија. Најмалку 2.000 побарале азил.
Досега Кипар не беше популарна бегалска дестинација, но во последните месеци бројот на мигранти кои пристигнуваат на брегот значајно расте, што води до потреба за воведување на нови законски регулативи околу ова прашање.