Официјални свадбени фотографии: „Се оженив со љубовта на својот живот и нема подобро чувство од тоа!“

Новопечените сопружници открија како се чувствуваат по свадбата!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ, а екслузивните права на фотографиите имаше магазинот Hello!, кој направи и интервју со тенисерот по големиот ден.

„Гледајќи ја за прв пат во венчаница, со насмевка на лицето додека одеше кон меен… Изгледаше како ангел“, рекол Новак.

Јелена носеше венчаница од колекцијата на Сара Буртон од познатиот дизајнер Александар Меквин, а со својата појава го одземала здивот.

„Се обидов да останам свесен во моментот и да го меморизирам. Се фокусирав на неа, нејзината насмевка и нашето бебе. Тоа навистина беше совршен момент“, рекол Ѓоковиќ, а и Јелена признала дека имала трема.

„Бев многу нервозна и се ми е во магла. Го видов и веднаш очите ми се наполнија со солзи и почнав да плачам. Само сум многу среќна и веројатно поради бременоста тешко ми е да ги контролирам емоциите. Пресреќна сум што Новак е дел од мојот живот. Не можев да побарам подобар животен партнер“, рекла Јелена.

Love match: Novak Djokovic marries pregnant childhood sweetheart Jelena Ristic as they look forward to the birth of their first baby

Венчавката се одржа веднаш по победата на Новак на Вимболдон.

„Се оженив со љубовта на својот живот и нема подобро чувство од тоа. Го освоив Вимболдон, се подготвувам за татковство- не можам да побарам повеќе“, рекол пресреќниот Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Новак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Новак Ѓоковиќ и Јелена РистиќНовак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

 

- Реклама -