Се откажува од сексот за да го најде она што го сака!

Не сака луѓето да го доживуваат како човек кој спиел со бројни атрактивни и познати девојки.
20-годишниот член на популарниот бенд „One Direction“ Хари Стајлс направил многу интересна и чудна одлука.

Како што јавуваат странските медиуми, иако е познат како заводник и миленик на девојките, Хари одлучил да се одрече од сексот и да се посвети на религијата, и самиот на себеси си дал забрана и воздржување од сексуалните односи.

Хари е фасциниран од Кабала и не сака повеќе да гради имиџ за себе познат по тоа дека има спиено со многу познати и атрактивни девојки. Тој сака сериозна и стабилна врска, а своето „спасение“ го пронашол во Кабалата која му помогнала да се ослободи од желбата за секс.

- Реклама -