„Јас сум Британец, 100 посто. Ако бидам искрен, Британија е најдобрата земја во светот… Германците, не ги можам Германците“.
Вака отприлика звучат мислите околу националната гордост на затворениот ум, и сите ние сме се нашле во ситуација кога сме биле виновни за истиот криминал. Однеси ги ваквите мисли во малку порадикални води, и почнуваат да се случуваат гомнарии, да се мразат нации и да се убиваат соседи…
Од друга страна, ја имаме следнава ситуација: група странци од сите делови на светот. Секој горд на своето, и секој со замерки за барем една група луѓе. Сите се согласуваат на ДНК тест. Резултатите… Ај да ги кажеме вака: пред да плукаш по Германците, размисли дека сите имаме многу повеќе заедничко отколку што мислиме, и дека може и ти да си дел Германец.