„Се е добро! Ракети се истрелани од Иран врз две воени бази во Ирак. Сега се извршува проценка на жртви и штети. Досега, е добро! Имаме најмоќна и добро опремена војска насекаде во светот“, објави американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, по нападот на Иран врз воени бази во Ирак во кои се сместени војници на САД. Нападите се извршени со проектили „земја-земја”. Станува збор за најмалку две воени бази и за повеќе од 12 проектили. Нападите на воените бази се случуваат откако во петокот САД со дрон го убија иранскиот генерал Сулејмани.
Во твит пораката на шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф пак, се наведува дека станува збор за соодветна мерка на одмазда, но оти Иран не сака војна.