Денешниот е ден со кој Европската унија не може да се гордее, рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по завршувањето на министерскиот состанок на министрите за надворешни на земјите членки на ЕУ во Луксембург, кој заврши без конкретна одлука, ниту по прашањето за отпочнување преговори со Северна Македонија и Албанија, ниту по прашањето за раздвојување на пристапниот процес на Македонија од пакетот со Албанија.
Одговарајќи на новинарски прашања, Хан ја искористи приликата за да им се извини на граѓаните на двете земји (проширувањето е за нив, а не за да се наградат одредени политичари, како што рече), уверувајќи ги дека и тој самиот е разорачан колку и тие, иако сѐ уште е оптимист дека во четврток и петок лидерите на членките на ЕУ ќе донесат позитивна одлука и ќе го обелат образот на Унијата.
Министерот за надворешни работи – Никола Димитров, исто така, се чини, ги сподели своите впечатоци, но во многу позавиена форма. Освен што го ретвитна Хан, се огласи и на Фејсбук, пишувајќи го следново:
„Само тој што не весла има време да го ниша чамецот – Жан-Пол Сартр“