На граничниот премин „Деве Баир“ вчера (24 декември) е евидентиран обид за употреба на фалсификувана патна исправа.
Случајот е евидентиран во дневниот билтен на МВР:
На 24.12.2017 година во 08,00 часот на граничен премин „Деве Баир“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на А.К.(27) од Р.Албанија констатирано е дека страниците бр. 9 и 10 се од обична хартија, кој лист на прецизен и професионален начин е налепен во патната исправа. Поради сомнение дека се работи за кривично дело „фалсификување исправа“ истиот е лишен од слобода.