Во ова издание не ја гледаме често, но на папараците ништо не може да им избега. А секако не Софија Вергара!
Софија Вергара е една од најатрактивните актерки на денешницата и на црвениот тепих секогаш е гламурозна. Таа знае како да ги истакне своите облини, но Софија понекогаш посакува да биде помалку видлива и препознатлива.
Видена е со својот вереник Ник Лоеб на аеродромот во Лос Анџелес. Под црната капа и големите очила за сонце на прв поглед е сосема непрепознатлива, но штом блеснале блицевите од фотоапаратите Софија се насмеала од уво до уво и повротно била своја.
Најплатената телевизиска актерка поминала неколку недели во Австралија каде ги снимила новите епизоди на популарната серија ‘Modern Family’, а Софија објавила и многу фотографии на своите WhoSay и Instagram профили.