16-годишната Ела Бирченог од Англија паднала во непријатна систуација, по што морале да ја спасуваат.
Тинејџерската зборувала со пријатели на нејзиниот телефон, кога одеднаш тој и паднал во шахтата.
Потоа се обидела да слезе внатре, за да го земе, но не успеала да излезе.
Од противпожарната служба пристигнале на местото, откако добиле повик од мајката на Ела. Тие успеале да ја ослободат девојка без никакви повреди.
„Зборував со некого, а потоа ми испадна телефонот“, Објаснува Бирченог.
„Си реков дека нема да си го оставам телефонот таму и скокнав за да го земам, но потоа не можев да излезам. Кога ме извадија , истрчав веднаш дома, за да се истуширам. Мислам дека внатре имаше само вода, но не сакав да ризикувам“, додава таа.
„Цело време сите се смееја, па гледав на ситуацијата како на забавна случка. Едноставно не треба да се земаат нештата премногу сериозно. ”
За жал, сите напори се покажале залудни, бидејќи телефонот и бил скршен.