Пејачката Кејти Пери во новиот број на магазинот GQ прилично се разголи- и физички и вербално. Открила дека ја изгубила својата невиност на 16 години!
Кејти Пери повторно ја откри својата секси страна и тоа во новото издание на магазинот GQ. Убавата пејачка позира во заводливо издание на насловната страна. Кејти не се срамела да ја покаже својата привлечност, додека во интервјуто била доста отворена.
Признала дека како девојче била опседната со своите гради и дека се молела на Бога да ги направи поголеми: „Би му кажала: ‘Боже, те молам, дај ми гради толку големи да не можам да ги видам своите нозе кога лежам’. На возраст од 11 години, Бог ми одговори на моите молитви“, се сеќава таа. „Немав идеја дека на крај ќе падне во моите пазуви“, рекла таа гордо, додавајќи дека никогаш не направила пластична операција.
Таа открила дека ја изгубила невиноста кога имала 16 години, во автомобил марка Волво со тогашниот дечко додека слушале албумот на Џеф Баркли „Грејс“.
Пејачката по потекло е од Санта Барбара, Калифорнија, според неа со текот на годините ѝ се промениле ставовите за религијата и не верува во Бог кој седи со долга брада, ниту пак во рајот и пеколот, туку дека се гледа низ духовна димензија, а верува во астрологија и вонземјани.
Во интервјуто за магазинот GQ зборела и за својот однос и нестабилна врска со Џон Мајер: „Мислам дека требаше да пораснам“, коментирала за нивниот прв прекин во 2013 година и нагласила дека нивниот однос денес е прилично лежерен. „Уживам во врската со предобар човек. Без брзање“, заклучи Пери.