Се криел цел час од полицијата во фрижидер

Еден Русин се обидел да избега од судската полиција откако избегнал неколку судски рочишта, така што се сокрил во фрижидер.

Тој е обвинет за кражба, а кога полицијата тропнала на неговата врата, мајката се обидела да ги убеди дека веќе долго време не живее со неа.

Сепак, полицијата успеала да го пронајде смрзнатиот Русин.

Изненадените полицајци потврдиле дека во фрижидерот седел околу еден час, а откако истиот ден бил изведен пред судијата, бил одведен на лекар каде е утврдено дека здравјето не му е загрозено.

Прочитајте и:  Кривична пријава против тројца полицајци, пуштиле осуденик на слобода наспроти наредбата на судот
- Реклама -