Се јави Реџепи: Јас сум здрав и добар и сум на вистинската страна – на страната на НАТО и ЕУ, а не на анти-албанците

„Јас сум здрав и добар“, порача на Фејсбук пратеникот на Беса – Кастриот Реџепи, кој половина ден ја остави јавноста со еден фејсбук статус и многу простор за шпекулации, кои кулминираа со обвинувања од страна на опозицијата дека пратеникот е можеби киднапиран, односно држен некаде против своја волја.

Во видео на Фејсбук, Реџепи вели дека е здрав и дека е добар и порача „се гледаме наскоро“.

Тој се заблагодари „на сите, за поддршката“ и истакна дека „стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ, мора да ни бидат најважни од сѐ“.

Реџепи додаде дека е на страната на албанскиот народ.

„Билал Касами и другите да не се грижат за мене. Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците.

Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои мои сопартијци, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите. Дотогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на Северна Македонија“, вели Реџепи во видеото (на следниот линк).

https://fb.watch/9d2lsTiWq7/

Извор: Канал 5

- Реклама -