„Денес го нема Наќе Чулев и го нема ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, но бројката на позитивни и умpeни од корона вирусот драматично расте. И не само за играње оро и отворено дуќанче во Чаир како што беше тогаш примерот, денес се случуваат бројни масовни забави, концерти и журки во државата на кои не се почитуваат протоколите, а за кои институциите молчат и не преземаат никакви мерки или мерките се преземаат намерно и договорено после веќе оддржаниот настан“, пишува на Фејсбук поранешниот технички министер за внатрешни работи по вчерашниот аларамантен рекорд од 317 новодијагностицирани за 24 часа.
„Денес очигледно е дека виновен е системот, лошите одлуки на Комисијата за заразни болести кои се менуваат по потреба и лошото менаџирање со справувањето со короната од страна на Владата, а тогаш единствениот виновник за ваквата состојба беше само Наќе Чулев и ВМРО ДПМНЕ“, констатира Чулев.
„Со исклучителна почит за полициските службеници, но нив деновиве ги гледам како пишуваат казни за сообраќајни прекршоци, а Оливер Спасовски истовремено замижува за масовните забави на кои ниту се држи дистанца, а ниту се почитуваат препораките за заштита на граѓаните.
Денес со овие бројки повеќе од кога било во прашање е доведено општото здравје на граѓаните, но дежурните ботови воопшто не се загрижени, затоа што тогаш Наќе Чулев беше министер, а денес на истата таа позиција е поставен Оливер Спасовски. Тогаш, Оливер критикуваше и бараше оставка од мене, а бројките беа речиси 20 пати помали од денешните на дневна основа, а денес со мал прст не мрднува да преземе било каква активност за заштита на здравјето на граѓаните“, вели екс-министерот.
Тој потенцира, како што и потенцирал кога беше министер, дека здравјето на граѓаните е најважно, па во таа насока побара сите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
„Само да потсетам: Ако можеше една кафеана да се чува со цела група специјалци, може и десетина полициски службеници и неколку пазарни инспектори да преземат мерки кога еден или повеќе локали пред очите на јавноста ги кршат протоколите и со тоа претставуваат ризик за здравјето на сите нас. Сега кој е виновен?!!“, пишува Чулев.