Се исплати ли возењето на метан?

Се повеќе возила во светот ги заменија бензинот и плинот со метан CNG (Compressed natural gas).

Овој еколошки начин на возење стана тема на дебатирање, но едно е сигурно, а тоа е дека возењето со овој тип на природен гас дефинитивно заштедува многу пари, а експертите велат дека е сосема безбедно.

Според економските анализи, употребата на овој тип на гориво има забележано стапка на раст од 14% годишно, а освен економската предност како предности се наведуваат заштитата на моторот и животната средина.

Она што ги ограничува граѓаните да се одлучат за овој тип на возење е инвестицијата која што се проценува како скапа. Имено, целото вградување на системот чини  околу 1500 евра, а атестот чини 5.000 денари.

Но, ако погледнеме од друга страна ќе видиме дека ова навистина се исплати, затоа што во просек дневно се возат 80 километри повеќе. Еве еден едноставен пример, за да стигнете од Скопје до Охрид и назад возењето на метан би ве чинело 800 денари, за разлика од плинот и бензинот каде сигурно нема да поминете без 1.00о/2.000 денари на оваа релација.

Засега во Македонија ретко кој практикува да вози автомобил на метан, а проблем е и тоа што за таа цел во земјава се  уште има само две бензиски пумпи.

- Реклама -