На крајот од минатиот месец стана јасно дека основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг купил земјиште на хавајски остров.
Сега веќе е јасно дека тој искеширал околу 100 милиони долари за две одделни парцели со вкупна површина од околу 750 хектари.
Едниот од нив е Kahuaina Plantation со површина од 357 хектари, а другиот е Pila’s Beach, кој е со површина 393 хектари и вклучува и плажи.
Според извор на Forbes, Цукерберг планира да изгради само едно живеалиште на целата оваа земја.
Таму исто така има употреблива фарма за „органски култури, меѓу кои ѓумбир, куркума и папаја”.
Според промотивните материјали, Kahuaina Plantation има дозволи за изградба на 80 станови, но милионерот планира да изгради само еден.
Се проценува дека цената само на овој имот е околу 66 милиони долари. Цукербег исто така платил 49.8 милиони долари за 89.2% во Pila’a Beach, затскриена плажа, која е во соседството на другиот имот.
Островот со површина од 393 хектари не бил прогласен јавно за продажба.
Сè на сè милијардерот од Facebook веќе поседува околу 750 хектари во овој изолиран дел од Хавајските острови.