Се делат оброци за сите да имаат достоинствени празници

Моментално во Велес, пред гостилницата ,,Боем” во тек е хуманитарна акција по повод празниците. Условните оброци кои велешани ги купуваа во гостилницата се делат на семејства од социјален ризик, со цел и тие да имаат достоинствени Коледе, Бадник и Божиќ.

Поставена е маса пред ,,Боем” на која има над 150 оброци за ранливите категории на граѓани.

-Оброците се наменети за социјално најранливите категории на граѓани. Доколку тие не можат да дојдат, а се ваши комшии, пријатели, направете им услуга и земете оброк за нив. Доколку можат, ве молиме раширете ја информацијата и поканете ги лично – информираат од гостилницата. Известуваат дека акцијата продолжува и во иднина со цел да нема гладни семејства во Велес.

- Реклама -