Се чека Ципрас (ВО ЖИВО)

На Меѓународниот аеродром Скопје се одбројуваат минути до слетувањето на авионот на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговата делегација, во која, како што објавија грчките медиуми, ќе бидат вклучени и 70 бизнисмени. Ципрас ќе стане првиот грчки премиер кој ќе допатува во официјална посета на нашата земја. Првпат тоа го направи по потпишувањето на договорот од Преспа, откако од Псарадес по воден пат двете делегации пристигнаа во македонскиот дел од Преспа.

По пречекот на грчката делегација на скопскиот аеродром, Ципрас ќе биде свечено пречекан со високи државни почести на платото пред Владата.

По неколку куси билатерални средби помеѓу премиерите и министрите на двете држави во Владата, ќе се одржи меѓувладина седница, а потоа и заедничка прес-конференција на премиерите Заев и Ципрас. Делегацијата на Грција ќе се упати кон парламентот на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а на крајот на посетата премиерите Заев и Ципрас ќе го отворат бизнис-форумот

Како што информираше МВР, поради посетата на Ципрас, во периодот од 9.30 до 20 часот во поширокото централно подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот. МВР апелира граѓаните учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

- Реклама -