На територијата на паркот Јелоустоун во САД почнува да се „буди” истоимениот вулкан Јелоустоун – најмоќниот од постоечките вулкани на планетата. Вулканот се буди на секои 600 илјади години, а од неговата последна ерупција поминаа 640 илјади години.
Почнувајќи од 28 март евидентирани се 25 подземни потреси, од кои последниот се случил на 30 март со сила 4,5 степени.
Димензиите на вулканот зафаќаат 4 илјади квадратни километри, а тоа е 20 пати повеќе од еден Вашингтон со сите негови предградија. Ако вулканот еруптира, тоа би се случило во радиус на 1.000 километри, па нема да остане ништо живо, а целата територија на Северна Америка ќе остане под 15-сантиметарски слој пепел. Медиумите пренесуваат дека животните масовно ја напуштаат територијата на паркот, но научниците ги смируваат луѓето дека бегството на животните е поврзано со миграцијата во потрага по места со повеќе храна, иако жителите тврдат дека изгледа како животните да бараат спас од наближувањето на катаклизма. Температурата на водата во езерата на паркот започнува нагло да се крева, што е знак за доближувањето на стопена магма.
Ако вулканот еруптира, тогаш ова може да доведе до промена на климата и голем број други измени на целата земја.
Сепак, научниците ја смируваат топката убедувајќи дека нема потреба од паника.