Се бара: Лажен програмер

Едно веб-студио од рускиот град Тјумен објави необичен оглас за програмер. Лажен програмер.

Идеалниот кандидат го замислуваат како слаб, да носи стари џемпери и да има наочари. Работа ќе му биде кога ќе влезе клиент да седи на бирото, да отвори html код и додека зјапа во мониторот да користи општи фрази како „Им реков дека ова требаше да биде сработено во Framework“ или „Оф, не! Среќа што направив бекап“. Листата на фрази ќе се надополнува секој месец, велат газдите.

За кандидатите спремни да стават и тетоважа со програмерска тематика, се нуди и повисока плата за 170 до 500 долари, наводно.

Зошто бараат лажен програмер? Зошто многу од клиентети не ги сфаќаат сериозно кога ќе видат дека во канцеларијата има персонал од само тројца. Вака ќе бидат поуверливи. Башка, во блиска иднина планираат да вработат и лажен дизајнер.

Во останатиот дел од работното време, кога нема клиент,„лажњациве“ ќе имаат целосна слобода да играат игрици или да висат по социјални мрежи.

- Реклама -